Д-р Томислав Василевски
Доктор по стоматологија
Дипломирал на стоматолошкиот факултет при Медицинскиот Универзитет – Пловдив, Бугарија во 2007 год. Од 2007 год. работи во ПЗУ „ Д-р Василевски Васко “ во Битола.
Непосредниот контакт при работата со своите пациенти односно проблемите кои ги имаат тие со вештачките заби кои никогаш неможат да го имаат истото чувство како природните, воедно и стекнатото знаење и размената на искуства преку разните работилници и курсеви го насочуваат да се посвети кон модерната ендодонција и естетска реставрација како своја примарна специјалност.
Негов основен принцип е прецизноста затоа интервенциите ги извршува со помош на дентален микроскоп без кој не може да се замисли современата стоматологија.
Ништо не може да го замени природниот заб, затоа е потребно да се направи се што е возможно за да се зачува истиот!
Томислав Василевски
Своето искуство постојано го усовршува и надоградува со посета на голем број работни курсеви и онлајн едукации од областа на модераната ендодонција и естетска реставрација од кои позначајни се:
-
Composite Masterclass. Еsthetic Restoration using the Bioclear Matrix – Dr.David Clark
-
Modern Endodontics – Dr.Laura Andriukaitiene
-
Managment of Root Canal Perforations – Dr.Rui Pereira da Costa
-
Ultrasounds in Endodontics – Dr.Stefan Klinge
-
Endodontic Retreatment (Canal blockage and separated files) – Dr.Moh’d Hammo
-
Management of canal calcifications – Dr.Siju Jacob
-
Rubberdamology – Dr.Maxim Belograd
-
Advanced Endodontic Techniques Using the Protaper System, Start-X and PathFile Instrumentation – Dr.Vladimir Ivanovic
-
The apical preparation, the key to obtain success in endodontic – Dr.Nicola Grande & Dr.Gianluca Plotino
-
Nonsurgical Removal of Posts & Broken Instruments, Management of Bloks, Ledges, Transportanion & Perforations – Dr.Cliff Ruddle