Често Поставувани Прашања

1Зошто се користи микроскоп?

Затоа што микроскопот го зголемува видното поле до 25 пати, со кое се овозможува најпрецизно пломбирање и лекување на забите, лесно откривање на каналите кои што со голо око се невидливи, обработување на тесни и непроодни канали, отстранување на скршени инструменти и колчиња од коренски канали и аплицирање на МТА (посебен цемент кој се користи за лекување на ендодонтски компликации) во канали.Dr. Marian Davis

2Што е кофердам и зошто се користи?

За правилно да се пломбира или излекува еден заб потребно е да се обезбеди суво работно поле. За да се постигне тоа забите се изолираат со кофердам. Тој се состои од гума и прстен кој ја држи гумата за забите.

Бенефиции од употребата на кофердам:

  • Стоматологот има подобра видливост и прегледност
  • Пациентот може слободно да го движи јазикот без да му ја попречува неговата работа
  • Забите кои се пломбираат не се во контакт со плунката, само така нивната површина останува сува и чиста што е пресудно за долготрајноста на врската помеѓу забот и пломбата
  • Спречува инфилтрација на бактерии од усната празнина во забот кој се лекува
  • Го штити пациентот од голтање на мали ендодонтски инструменти и раствори кои се користат за дезинфекција на канали.
3Што е ендодонција?

Ендодонцијата (исклучително важен дел од стоматологијата кај нас многу често потценуван) се занимава со болестите на забната пулпа, нивна дијагноза и третман. Забната пулпа (она што кај народот е неправилно познато како „нерв или живец“ на забот) се наоѓа во внатрешноста на забот во која освен нервите кои му даваат на забот осет за топло,студено, болка и притисок се содржат и крвните садови кои го исхрануваат забот, лимфни садови, одбранбени клетки и сврзно ткиво.

4Кога имаме потреба од ендодонција?

Најчестите знаци се присуството на болка, долготрајна чувствителност на ладно или топло, чувствителност при допир и џвакање, потемнување на забот, оток на лимфните јазли или во областа над забот. Отсуство на болка не значи дека проблемот не постои, во тој случај единствено со рентгенска снимка може да се докаже процесот во пулпата.

5Зошто треба да се направи ендодонтски третман?

Ендодонтскиот третман е постапка при која се отстранува забната пулпа, се чистат и прошируваат коренските канали и се затвораат со трајно полнење. Тоа се прави кога забната пулпа ќе се воспали и инфицира, најчесто поради нелекуван кариес. Ако не се лекува, инфекцијата ќе се прошири на околното коскено ткиво и забот ќе се разниша бидејќи ќе дојде до разорување на коската околу него. Таквиот заб претставува потенцијална опасност за организмот – фокус или жариште. Бактериите многу лесно можат да пронајдат пат до крвниот систем и да предизвикаат цела низа хронични болести.

6Зошто да го лекувам овај заб микроскопски?

Затоа што со микроскопското лекување на коренски канали, забот може да ви биде спасен и зачуван за многу долг временски период (со одржување на добра орална хигиена и за цел живот). Има канали кои не се видливи со голо око, а се откриваат само со помош на микроскоп. Доколку не се откријат и обработат сите канали лекувањето нема да биде успешно.

7Зошто повторно да го лекувам овај заб кога немам никакви симптоми?

Отсуството на симптоми не е никаква гаранција дека каналите не се инфицирани. Со класичната метода се работи во септични (нестерилни) услови бидејќи не се користи кофердам, се работи без опрема со која може да се обработат (исчистат) каналите до самиот крај и да се прошират доволно за да има услови за обилно испирање со средства за дезинфекција. Проблемот е што процесот (инфекцијата) најчесто се открива само со рентген снимка, а таа скоро секогаш се прави во последен момент кога ќе почне забот да боли. Во тој случај таквиот заб е подобро да го немате во уста.

8Зошто да дадам толку пари за микроскопско лекување?

Затоа што ако не го лекувате забот микроскопски кога-тогаш ќе го загубите, а парите кои ќе ги дадете за микроскопско лекување се истите што ќе ги дадете за да си направите мост на местото на загубениот заб со една разлика што за мост ќе треба да жртвувате два здрави заби. Најдобра замена за загубениот заб е поставување на имплант за кој ќе платите 3-4 пати повеќе од тоа што ќе го платите за микроскопското лекување.

9Зошто да дадам толку пари за “Injection Molding” методата за пломбирање?

Затоа што со “Injection Molding” методата добивате квалитетна пломба која нема да има потреба да ја менувате на една или две години поради тоа што пломбата се обоила или паднала. На крај кога ќе пресметате ќе видите дека ќе дадете многу повеќе пари за класичната метода, а воедно со секое менување на пломбата забот се стружи и се ослабува се повеќе.

10Зошто пломбите паѓаат и ја менуваат бојата?

Причина за паѓањето на пломбите е тоа што не се користи кофердам – работното поле треба да е суво и чисто, а не да е во контакт со плунката, не се отстранува забниот плак (биофилмот), а тоа е исто како да лепите нешто на нечиста површина. Доколку пломбата се обои тоа значи дека таму не е отстранет биофилмот (под пломбата има бактерии кои се најчести причинители на кариес).

11Зошто ми се расипуваат забите под пломбите?

Една од најчестите причини за кариес под пломбите е неправилниот контакт со соседниот заб (кога не се користат анатомски матрици) таму многу лесно се задржуваат остатоци од храна кои тешко се отстрануваат. Кога се користат Bioclear анатомските матрици тоа не се случува затоа што се постигнува правилен контакт со соседнинот заб.