Биографија

Д-р Томислав Василевски

Доктор по стоматологија

tomce_ordinacija

Дипломирал на стоматолошкиот факултет при Медицинскиот Универзитет – Пловдив, Бугарија  во 2007 год. Од 2007 год. работи во ПЗУ „ Д-р Василевски Васко “ во Битола.

Непосредниот контакт при работата со своите пациенти односно проблемите кои ги имаат тие со вештачките заби кои никогаш неможат да го имаат истото чувство како природните,  воедно и стекнатото знаење и размената на искуства преку разните работилници и курсеви го насочуваат да се посвети кон модерната ендодонција и естетска реставрација како своја примарна специјалност.

Негов основен принцип е прецизноста затоа интервенциите ги извршува со помош на дентален микроскоп без кој не може да се замисли современата стоматологија.

Ништо не може да го замени природниот заб, затоа е потребно да се направи се што е возможно за да се зачува истиот!

Томислав Василевски

Своето искуство постојано го усовршува и надоградува со посета на голем број работни курсеви и онлајн едукации од областа на модераната ендодонција и естетска реставрација од кои позначајни се:

  • Composite Masterclass. Еsthetic Restoration using the Bioclear Matrix – Dr.David Clark
  • Modern Endodontics – Dr.Laura Andriukaitiene
  • Managment of Root Canal Perforations – Dr.Rui Pereira da Costa
  • Ultrasounds in Endodontics – Dr.Stefan Klinge
  • Endodontic Retreatment (Canal blockage and separated files) – Dr.Moh’d Hammo
  • Management of canal calcifications – Dr.Siju Jacob
  • Rubberdamology – Dr.Maxim Belograd
  • Advanced Endodontic Techniques Using the Protaper System, Start-X and PathFile    Instrumentation – Dr.Vladimir Ivanovic
  • The apical preparation, the key to obtain success in endodontic – Dr.Nicola Grande & Dr.Gianluca Plotino
  • Nonsurgical Removal of Posts & Broken Instruments, Management of Bloks, Ledges, Transportanion & Perforations – Dr.Cliff Ruddle