Во овој случај беше заменета „пломбата“ на горната лева единица со нова нано композитна пломба. Причината за тоа забот да изгледа толку лошо е класичното пломбирање со кое забот само се закрпува краткорочно!
За долгорочно да го решиме проблемот пломбата е заменета со Injection Molding методата -микроскопско естетско пломбирање со Bioclear анатомските матрици на Dr.David Clark.
Завршниот изглед ќе биде комплетен кога другата единица и двете двојки ќе бидат пломбирани на истиот начин со што ќе се добие потребната симетрија и естетика на сите предни заби.
Додади коментар