Микроскопско или класично лекување на коренски канали?

Добро размислете пред да одлучите дали да го лекувате забот класично или микроскопски.

Овој случај е пример дека забите не треба да се лекуваат со класичната метода која кај нас нажалост масовно се користи.

Пациентот дојде кај нас со болка, забот му бил претходно лекуван со класичната метода.

Резултатите од класичното лекување беа: два скршени ендодонтски инструменти во каналот, болка и оток. Микроскопски успешно беа отстранети двата инструменти, каналот обработен до крај и забот затворен со лек. Болката и отокот исчезнаа уште наредниот ден. Во наредната посета каналот беше наполнет со топла гутаперка.

Доколку не беше микроскопски третиран овој заб пациентот ќе загубеше многу важен заб бидејќи е носач на многу голем мост.

Заклучок:

Лекување на коренски канали без микроскоп – НЕ, затоа што нема видливост за прецизно лекување (откривање на сите канали, нивна обработка и полнење до самиот крај на коренот).



Додади коментар