Не дозволувајте ова да ви се случи и вас, затоа што има начин забите да се излекуваат правилно! Ако не можете финансиски да си го дозволите микроскопското лекување тогаш подобро е да останете без заб отколку со инфекција во уста! Овие заби што ќе ги видите на сликите беа без симптоми и можеа уште долго време да останат така. Но дали е тоа во ред? Секако дека НЕ, затоа што таквите заби претставуваат потенцијална опасност за организмот – фокус или жариште! Кај ваквите заби отсуството на симптоми не е никаква гаранција дека каналите не се инфицирани затоа што процесот (инфекцијата) најчесто се открива или со рентген снимка или микроскопски кога забот ќе се отвори повторно да се лекува.
Погледнете како микроскопски изгледаат заби без симптоми (лекувани со класичната метода) и ќе ви стане јасно зошто класичното лекување на коренски канали не е успешно!
Додади коментар