Што е кофердам и зошто се користи?

10649706_576011455865982_8527015003822974134_n

 

За правилно да се пломбира или излекува еден заб потребно е да се обезбеди суво работно поле. За да се постигне тоа забите се изолираат со кофердам. Тој се состои од гума и прстен кој ја држи гумата за забите.

 

1

 

Бенефиции од употребата на кофердам:

  • стоматологот има подобра видливост и прегледност
  • пациентот може слободно да го движи јазикот без да му ја попречува неговата работа
  • забите кои се пломбираат не се во контакт со плунката, само така нивната површина останува сува и чиста што е пресудно за долготрајноста на врската помеѓу забот и пломбата
  • спречува инфилтрација на бактерии од усната празнина во забот кој се лекува
  • го штити пациентот од голтање на мали ендодонтски инструменти и раствори кои се користат за испирање на каналите.

Во продолжение е дадено видео на кое е прикажано поставување на кофердам во пракса.

Додади коментар