5 причини зошто да лекувате заб – „вадите живец“ микроскопски
Работа со микроскоп – го зголемува видното поле до 25 пати со што се овозможува најпрецизно ендодонтско лекување и откривање на сите канали. Има канали кои не се видливи со голо око. Доколку не се откријат сите канали лекувањето нема да биде успешно.
Работа во асептични (стерилни) услови. Забот кој се лекува се изолира со кофердам – нема можност за инфекција на коренскиот канален систем (забот не е во контакт со плунката, меките ткива и бактериите од усната празнина), има подобра видливост и прегледност. Пациентот може слободно да го движи јазикот и да голта без да ја попречува работата на стоматологот.
Прецизно одредување на должината на коренските канали со апекс локатор и механичка обработка со ендомотор и флексибилни проширувачи со кој лесно се обработуваат закривените и тесни канали до самиот врв на каналот. Нема опасност од аспирација (голтање) на проширувачите – забот е изолиран со кофердам.
Хемиска обработка на каналите – има услови за обилно испирање на каналите со раствори за дезинфекција, нема опасност од аспирација (голтање) на растворите затоа што забот е изолиран со кофердам. Растворите за испирање претходно се загреваат на 60°C и се активираат со ендоактиватор или ултразвук по апликацијата во каналот со што се подобрува уште повеќе нивната ефикасност во уништувањето на бактериите не само во главниот канал туку и во латералните каналчиња.
Тродимензионално полнење на каналите со топла гутаперка која се топи на 200°C, со која освен главниот канал се полнат и латералните каналчиња. На овај начин каналот се затвора херметички и е непропустлив за бактерии.
Додади коментар