Во овој случај пациентот сакаше само да му се направи коронка затоа што старата му паднала и ја загубил. Забот му бил претходно ендодонтски лекуван со класичната метода и надограден со колче и беше без симптоми. Се разбира јас не се согласив со тоа и предложив да се отстрани колчето и повторно да се излекува забот микроскопски.
Тоа што го видов после отстранувањето на колчето воопшто не ме изненади (канал преполн со бактерии и гнојна течност) затоа што го гледам секој пат кога лекувам заб кој претходно бил лекуван со класичната метода.
Додади коментар