Микроскопско отстранување на скршен инструмент од канал

Не е во ред да одите на стоматолог за да си го излекувате забот а да си одите од таму со скршен инструмент во каналот!

Нажалост кај нас ова се случува многу често затоа што класичното лекување се користи масовно и ваквите компликации се неизбежни.

За среќа пациентот дојде на време кај нас и ние како и многу други вакви случаи го решивме и овој случај успешно, се разбира со помош на микроскопот и опремата која ја поседуваме за современо лекување на коренски канали.

Ако не ги лекувате правилно, ваквите заби е подобро да ги немате во уста затоа што претставуваат потенцијална опасност за организмот – фокус или жариште и кога тогаш ќе ги загубите!



Додади коментар