За правилно да се пломбира или излекува еден заб потребно е да се обезбеди суво работно поле. За да се постигне тоа забите се изолираат со кофердам. Тој се состои од гума и прстен кој ја држи гумата за забите.
Бенефиции од употребата на кофердам:
- стоматологот има подобра видливост и прегледност
- пациентот може слободно да го движи јазикот без да му ја попречува неговата работа
- забите кои се пломбираат не се во контакт со плунката, само така нивната површина останува сува и чиста што е пресудно за долготрајноста на врската помеѓу забот и пломбата
- спречува инфилтрација на бактерии од усната празнина во забот кој се лекува
- го штити пациентот од голтање на мали ендодонтски инструменти и раствори кои се користат за испирање на каналите.
Во продолжение е дадено видео на кое е прикажано поставување на кофердам во пракса.
Додади коментар