Една од најчестите причини за загуба на заб е класичното лекување на коренски канали – „вадење на живец“. Загубата на само еден единствен заб води до дефект во забната низа. Доколку не се третира тој дефект (со имплант или мост) ќе доведе до разместување на забите, кои се соседни на дефектот како и оние кои се над (под) него. Забите се придвижуваат со цел да го пополнат празното место, а со тоа се нарушува џвакањето и чистењето на забите. После тоа е многу тешко да се санира тој дефект. Ништо не може да го замени природниот заб, затоа е потребно да се направи се што е возможно за да се зачува истиот!
Погледни видео:
Додади коментар