Како правилно да се чистат забите?

Редовното четкање и чистење на просторот помеѓу забите со интердентални четки е најважно од се!  Користете мека четка за заби и четкајте нежно без многу притискање затоа што нема да ги исчистите забите подобро ако притискате многу, така може само да ја оштетите глеѓта и непцето. Немојте да ги миете забите веднаш после оброк затоа што после секој оброк на забите останува киселина а четкањето на забите тогаш ја ослабува забната глеѓ. На тој начин киселината ја нагризува глеѓта и ја прави подложна за развој на кариес.

Почекајте да поминат  барем 30 минути пред да ги измиете забите, а доколку сакате одма да го направите тоа едноставно само исплакнете ја устата со вода.  Доволно е да одделите најмногу по 5 минути наутро и 5 минути навечер пред легнување за да имате здрави заби. Кај нас на жалост хигиената воопшто не е на завидно ниво и тоа најчесто поради неинформираноста на пациентите како правилно да се грижат за своите заби.

Погледнете ги видеата за да научите како правилно да ги чистите своите заби.

Додади коментар