Како НЕ треба да изгледа заб со „изваден нерв“ на рентген снимка?

За ендодонтското лекување да биде успешно каналите треба да се обработат и наполнат до самиот крај. За тоа е потребна и соодветна опрема (микроскоп, кофердам, ендомотор, апекс локатор, апарат за топла гутаперка, дигитален ренген) без која не може да се замисли современото ендодонтско лекување, што не е случај и со класичното лекување.

Со класичното лекување кое кај нас масовно се користи (нормално поради финансиски причини) каналите не можат правилно да се обработат и наполнат. Пример се следниве неколку рентген снимки на кои со бела боја се гледа полнењето во каналите а со црна боја остатокот од каналите кој не е обработен и наполнет. Тој дел од каналот е рај за бактериите, таму тие ги имаат сите услови за размножување и од таму многу лесно можат да пронајдат пат до крвотокот и да предизвикаат цела низа хронични болести.

Затоа класичното лекување не е успешно!



Додади коментар