Микроскопско лекување на коренски канали –„вадење на живец“

За ендодонтското лекување да биде успешно каналите треба да се обработат и наполнат до самиот крај.

Со класичното лекување кое кај нас масовно се користи (нормално поради финансиски причини) каналите не можат правилно да се обработат и наполнат, додека со микроскопското лекување забот може да ви биде спасен и зачуван за многу долг временски период (со одржување на добра орална хигиена и за цел живот). Има канали кои не се видливи со голо око, а се откриваат само со помош на микроскоп.

Кај забите лекувани со класичната метода отсуството на симптоми не е никаква гаранција дека каналите не се инфицирани затоа што процесот (инфекцијата) најчесто се открива или со рентген снимка или микроскопски кога забот ќе се отвори повторно да се лекува.

Пример се следниве слики на кои на горниот дел се прикажани рентген снимки од класично лекување пред забите да се лекуваат микроскопски а на долниот дел се снимки после микроскопското лекување (откриени, обработени и наполнети до крај сите канали – со бела боја се гледа полнењето во каналите на рентген снимките).













Додади коментар