Каква опрема е потребна за правилно лекување на коренски канал – „вадење на живец“?

1.Микроскоп – со негова помош се наоѓаат сите канали (еден заб може да има еден, два, три, четири и повеќе канали). Има канали кои не се видливи со голо око и доколку не се откријат сите канали лекувањето нема да биде успешно.

2. Кофердам – забот кој се лекува се изолира со кофердам (гума и прстен кој ја држи гумата за забите). На овај начин се работи во асептични (стерилни) услови, се спречува инфилтрација на бактериите од усната празнина во забот кој се лекува и го штити пациентот од голтање на мали ендодонтски инструменти и раствори (хипохлорид, лимонска киселина, алккохол) кои се користат за испирање (плакнење) на каналите.

3. Дигитален апекс локатор – прецизно се одредува должината на каналите во секакви услови, вклучувајќи суви, влажни и канали со крв.

4. Ендомотор и флексибилни проширувачи – механички лесно се обработуваат долгите, закривени и тесни канали за разлика од рачните челични проширувачи.

5. Апарат за активирање и загревање на растворите на 60°С кои се користат за испирање (плакнење) на каналите со што се подобрува уште повеќе нивната ефикасност во уништувањето на бактериите не само во главниот канал туку и во латералните каналчиња.

6. Апарат за топла гутаперка – освен главниот канал се полнат и помошните латерални каналчиња. На овај начин каналите се затвораат херметички и се непропустливи за бактерии.

7. Дигитален рентген апарат – правење на прецизни снимки пред почеток, во текот и на крајот на интервенцијата. Снимката е веднаш достапна за гледање, а може и да се дообработи на компјутер за да се постигне подобра прегледност за анализирање и на најситните детали.

Додади коментар