Класично vs. Современо микроскопско лекување на коренски канали

На рентген снимките може да се види разликата помеѓу класичното и современото микроскопско лекување на коренски канали.

Пред почеток на третманот на снимката се гледа дека забот е „лекуван“ со класичната метода (недоволно проширени, обработени и наполнети два канали – со бела боја се гледа полнењето). Во делот од каналите кој не е обработен и наполнет бактериите имаат најдобри услови за размножување и од тука многу лесно можат да пронајдат пат до крвотокот и да предизвикаат цела низа хронични болести. Коската околу забот е разорена како резултат на инфекцијата која од каналите се проширила и на околното коскено ткиво.

На снимката после микроскопското лекување се гледа дека двата канали се обработени и наполнети до крајот на коренот. Освен двата главни канали наполнети се и латералните каналчиња со помош на топла гутаперка. На тој начин коренскиот канален систем е затворен херметички и е непропустлив за бактерии.

Додади коментар