Причина за кршење на ендодонтски инструменти е неправилно, насилно и многукратно користење на еден инструмент во повеќе канали. Тој инструмент мора да биде отстранет за каналот да се излекува правилно во спротивно забот ќе треба да се извади затоа што лекувањето нема да биде успешно.
1. Пред почетокот на третманот на снимката јасно се гледа резултатот од класичното лекување на коренските канали: скршен ендодонтски инструмент во еден од трите канали и недоволно проширени и наполнети канали до крајот на коренот (полнењето во каналите на снимките се гледа во бела боја).
2. Ендодонтскиот инструмент е отстранет со помош на микроскоп и ултразвук.
3. На снимката се гледа дека ендодонтскиот инструмент е успешно отстранет од каналот.
4. После микроскопското лекување каналите се проширени и наполнети тродимензионално со топла гутаперка до крајот на коренот.