Естетска реставрација

Injection Molding е најсовремена метода за микроскопско естетско пломбирање без стружење со Bioclear анатомските матрици на Dr.David Clark.

Постапка при „Injеction Molding” методата

1. Пред почеток на третманот и пред изолација на забите со кофердам

2. Забите се изолираат со кофердам и се отстранува биофилмот (забниот плак) кој го предизвикуваат бактериите кои се акумулираат на забите. Тој не е видлив со голо око и за да се открие, забите се премачкуваат со раствор – плак индикатор кој покажува точно каде е локализиран плакот.

3. Најефикасен начин за отстранување на биофилмот е пескарење на забите со Aluminum Trihydroxide. Доколку не се отстрани забниот плак пломбирањето нема да биде успешно – ќе дојде до обојување и одвојување на пломбата од забите (тоа е исто како да се лепи нешто на нечиста површина).

4. После отстранувањето на биофилмот забите се подготвени за пломбирање.

5. Се поставуваат матриците кои се анатомски и со кои се постигнува правилен контакт со соседните заби (кога ги чистите забите со конец и конецот се заглавува помеѓу забите или се кине тоа не е правилен контакт. Tаму многу лесно се задржуваат остатоци од храна кои многу тешко се чистат, што всушност е една од најчестите причини за појава на кариес под пломбите).

6. Откако ќе се адаптираат матриците нано-композитот загреан на 60°C се вбризгува во нив во еден слој наместо слој по слој а со тоа се избегнува формирање на шуплини во пломбата и се добива јака и квалитетна пломба.

7. Потоа се отстрануваат матриците, вишокот пломба и се обликува финалниот изглед на забите.

8. На крај пломбите се полираат до висок сјај со што се спречува таложење на плак и промена на бојата на пломбите. Непцето е малку раскрвавено и оштетено од работата што е нормално.

9. Контролен преглед две недели после третманот. Непцето е заздравено.