Модерна ендодонција

Најсовремено микроскопско лекување на коренски канали – „умртвување на заб или вадење на живец“

Со современите методи за ендодонтско лекување забите можат да бидат успешно излекувани и зачувани за разлика од класичните методи со кои успешноста е многу мала и се најчеста причина за вадење на забите. Ништо не може да го замени вашиот природен заб дури ни најсовремените технологии за изработување на мостови и импланти, затоа направете се што е возможно за да го зачувате пред да се решите за негово вадење

Постпака при микроскопско лекување на коренски канали

1. Пред почеток на третманот се прави дигитална рентген снимка.

2. Потоа забот се изолира со кофердам кој се состои од гума, прстен кој ја држи гумата за забот, рамка која ја држи гумата, клешта за апликација на прстенот и клешта за продупчување на гумата. На овај начин се работи во асептични (стерилни) услови, забот не е во контакт со бактериите од усната празнина.

3. Со помош на микроскоп се наоѓаат сите канали (еден заб може да има еден, два, три, четири и повеќе канали). Има канали кои не се видливи со голо око и доколку не се откријат сите канали лекувањето нема да биде успешно.

4. Должината на каналите прецизно се одредува прво со дигитален апекс локатор (кој мери прецизно во секакви услови, вклучувајќи суви, влажни и канали со крв) а потоа и со дигитална рентген снимка која се прави со инструменти во каналите за уште попрецизно одредување на должината.

5. Механичка обработка на каналите до самиот врв на коренот со ендомотор и флексибилни проширувачи со кој лесно се обработуваат долгите, закривени и тесни канали за разлика од рачните челични проширувачи.

6. Хемиска обработка на каналите – обилно испирање со раствори за дезинфекција кои се загреваат на 60°С и се активираат со ендоактиватор по апликацијата во каналот со што се подобрува уште повеќе нивната ефикасност во уништувањето на бактериите не само во главниот канал туку и во латералните каналчиња.

7. Тродимензионално полнење на каналите со топла гутаперка која се топи на 200°С со која освен главниот канал се полнат и помошните латерални каналчиња. На овај начин каналите се затвораат херметички и се непропустливи за бактерии.

8. На крај се прави уште една дигитална рентген снимка за да се сме сигурни дека каналите се правилно наполнети (со бела боја се гледа полнењето во каналите).