МТА (mineral trioxide aggregate) е посебен цемент кој се користи за лекување на ендодонтски компликации.
Реваскуларизација на „умртвени“ трајни заби со незавршен раст на корен
Кај забите кај кои растот на коренот не е завршен и се „умртвени“ поради најразлични причини (многу длабок кариес, траума…) врвот на коренот останува отворен, каналот инфициран. За да продолжи растот на коренот потребен е ендодонтски третман. Во првата посета каналот се испира обилно со раствори за дезинфекција и се затвора со лек. Во втората посета се отстранува лекот и се провоцира крвавење. Се чека неколку минути крвавењето да запре и остатокот од каналот се затвора со МТА. Потоа растот на коренот се следи со правење на 1-2 рентген снимки годишно.
Затворање на перфорација со МТА
На сликите може да се види дека колчето е цементирано помеѓу двата канали!? По правило колчињата се цементираат во каналите, но во случајот не се знае по која причина тоа правило не е исполнето и е направена перфорација помеѓу двата канали. За забот да биде спасен перфорацијата е затворена со МТА.
Затворање на отворен апекс со МТА
Во овој случај за да се спаси забот апексот (врвот на коренот) требаше да се затвори со МТА затоа што беше отворен. Причина за тоа е претходно извршената апикотомија (хируршка интервенција при која се отстранува врвот на коренот) која не била успешна.