Здрави заби за цел живот – микроскопска стоматологија
Наш oсновен принцип е прецизноста, затоа стоматолошките интервенции ги извршуваме со помош на дентален микроскоп. Работата под микроскоп е задолжителна бидејќи без него нема видливост за прецизнa дијагностика, реставрација и за прецизни ендодонтски интервенции кои максимално ги зголемуваат шансите за спасување на забите.
Нашата ординација располага и со дигитален рентген апарат кој овозможува правење на прецизни снимки пред почетокот, во текот и на крајот на интервенцијата. Дигиталната технологија на снимање овозможува намалување на зрачењето и до 80 проценти за разлика од традиционалната. Снимката е веднаш достапна за гледање, а може и да се дообработи на компјутер за да се постигне подобра прегледност за анализирање и на најситните детали.
Користиме најсовремена опрема и материјали од водечки светски фирми, методите за лекување и пломбирање кои ги нудиме се во чекор со последните достигнувања во стоматологијата и се со докажана ефикасност.
Инвестирањето во вашите заби е инвестиција во вашето целокупно здравје и благосостојба. Ништо не може да го замени вашиот природен заб, затоа ние ќе направиме се што е возможно да го зачувате истиот и да го продолжиме неговиот животен век.