Надоградба на забите со фибер колчиња – невидливи високо естетски композитни колчиња зајакнати со стаклени влакна кои имаат сличен модул на еластичност со забот со што се намалува опасноста од нерамномерно пренесување на притисокот и појава на коренска фрактура. Нивната врска со коренскиот канал е 3-4 пати повисока од онаа на каналот со металните колчиња и е потребно помалку одземање на здраво забно ткиво при препарирање на коренскиот канал. Со овие колчиња се овозможува естетска реставрација на забот за разлика од металните колчиња.